Состојки:
- 500г бисквити (кршени)
- 500мл млеко (жешко)
- 100г чоколадо за готвење
- 100г желе бомбони (сецкани)
- 100г ореви (сецкани)
- 1 лажиче рум
- малку лимон цеден
- маргарин (не цел)
Млекото го ставаме да се топли. Во меѓувреме, во длабок сад ги кршиме бисквитите. На страна ги сецкаме оревите и желе бомбоните. Откако млекото ке се стопли го додаваме маргаринот, и целото така соединето го додаваме на бисквитите. Не ставајте премногу, сепак сакаме смесата да биде погуста и да се здрви. Се додава едно лажиче рум и малку цеден лимон, се промешува и се става во било каков сад, може и сад во некоја форма, на кој пред тоа му ставивме хартија. Тортата се остава во фрижидер да се здрви. Откако ќе се здрви може да се премачка со топено чоколадо или шлаг.
Comments
Post a Comment