Кокосовки мини тортици



Состојки:
- 4 јајца
- 16 лажици шеќер
- 6 лажици масло
- 16 лажици млеко
- 16 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 шољи млеко
- 125г маргарин
- 2 шољи шеќер
- 3 лажици какао
- 2 или 1 ванила
- шлаг
- мрвици

Се матат 4 јајца со 16 лажици шеќер. Потоа се додава 6 лажици масло и 16 лажици млеко. Потоа се додава 16 лажици брашно, а врз брашното се додава 1 прашок за пециво. Се печи во четвртасто тавче на кое претходно се става хартија за печење. На страна се вари 2 шољи млеко, пола маргарин, 2 шољи шеќер, 3 лажици какао, 2 или 1 ванилин шеќер. Сето тоа се става да зоврие и да згусни, а потоа се остава да олади. Пандиспањата откако малку ќе олади се сечи во крукчиња. Секое кругче се мака во филот само од страната. Долу и горе не. А потоа истото се мака во кокос или ореви. Остатокот од пандиспањата и филот се меша и се додава од згора на тортицата. Се мати шлаг, кој се нанесува од згора на тортицата и се декорира со шарени мрвици.


Comments