Желади

Состојки:
* За тесто:
- 250 г сало
- 150 г шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 пакетче прашок за пециво
- 500 г брашно
- малце цимет
- малце мелени бадеми

* За фил:
- џем од кајсии или крем 

* Глазура
- 100 г чоколадо за готвење
- 80 мл млеко
- 2 лажички масло

* За тркалање:
- кокос, ореви или мелени бисквити

Подготовка:
Измешајте ги убаво сите состојки за тестото. Измесете кратко со рака додека не се соединат убаво. Со помош на лажичка, формирајте ги колачите. Може и со прсти. Готовите половинки се ставаат на плех обложен со хартија за печење. Рерната се загрева на 120С и се пече околу 60 минути. Колачите треба да останат бели. Од оваа доза се добива од прилика 2 плеха. Откако ќе се олади првата доза, се филува со крем или џем.

Глазурата се припремува вака:
 - на пареа или во вода која врие, ставете сад во кој сте го ставиле чоколадото. Откако ќе почни да се топи, се додава млекото и на крај маслото. Треба да се добие густа сјајна течност. Секој желад половина се макнува во чоколадото и дома се прпелка во кокос или мелени бисквити или ореви. 

Comments