Состојки:
- 6 јајца
- шеќер
- брашно
- какао
- 1/4 (пола) маргарин
- 100g шеќер во прав
- 100g растопено чоколадо
- шлаг
Подготовка:
Четири јајца се бијат со 4 лажици шеќер. Во посебна чинија се ставаат 6 лажици брашно (не многу полни) и 3 лажици какао. Сето тоа се меша и лажица по лажица се додава на смесата со постојано мешање. Се печи во тавче број 28 намачкано со масло и хартија за печење.
Фил:
1/4 (пола) маргарин се бие со 100g шеќер во прав и се додаваат 2 цели јајца и 100g растопено чоколадо. Од згора се става шлаг пена.
Comments
Post a Comment