Пица со спанаќ

Состојки:
- 500 г измиен и иссецкан спанаќ
- 200 г крем сирење
- 120 г сирење
- 3 чешниња лук
- 1/2 лажичка хималајска сол
- 1/2 лажичка црн бибер
- 1 лажица путер
- 150 г доматна салса

Подготовка:
Во тава за пржење го додаваме путерот и исецканиот спанаќ и го пржиме се додека водата не испари, потоа го додаваме испасираниот лук заедно со солта и црниот бибер, готвиме уште некоја минута. Филот оставаме да се излади.
Во меѓувреме го расукуваме тестото во големина на тавата или плехот за печење и врз него ја распоредуваме доматната салса. 
Во оладениот фил го додаваме крем фрешот заедно со издробеното сирење. Приготвениот фил го распоредуваме врз пицата. 
Печеме во загреана рерна на 250С, 15 минути.

Comments