Состојки:
- 6 јајца
- 300гр шеќер
- 1 ванила
- 300гр брашно
- 1 пециво
- 1 литар млеко 3,5%мм
- 750мл слатка павлака
- 250мл млеко за кафе, 10%мм
- готов карамел
Подготовка:
Се матат белките со шеќерот, па се додаваат жолчките една по една и убаво се бие. Му се додава брашното, ванилата, пецивото. Се печи на 180C околу 30 минути. Се остава да се излади. Се мешаат сите млека и се потурва кексот. Треба да отстои околу 2 часа да го впие млекото. Се сечи на коцки и претходно се мачка со карамел малку стопен на пареа.
Comments
Post a Comment