Состојки:
Тесто
- 150 гр кисело млеко
- 100 мл млака вода
- 100 гр масло
- 1 јајце
- по една лажичка сол и шеќер
- 1 пакетче сув квасец
- околу 500 гр брашно
Фил
- околу 300 гр сирење
- 2 јајца
Премачкување
- малку растопен путер
Подготовка:
Сите состојки за тесто освен брашното се промешуваат, потоа полека се додава брашното и се меси меко тесто и се чека да нарасне. Сирењето и јајцата се гмечат со вилушка. Нараснатото тесто се дели на 3 дела. Потоа секој дел се дели на уште три дела и се сукаат во подолга форма, се мачкаат со третина од филот и се виткаат од подолгата страна. Од нив се витка плетенката и се става во тавчето за печење. Истата постапка се повторува т.ш. се добиваат 3 плетенки. Се премачкуваат со путер и се печат на 200С околу 20-25 минути во претходно загреана рерна.
Откако ќе бидат готови добро се премачкуваат и се покриваат со крпа.
Comments
Post a Comment