Пица ролат


Состојки:
- 500 гр. кори
- 200 мл .павлака
- 4 јајца
- оригано
- 200 гр. доматно пире
- 300 гр. трапист кашкавал
- 400 гр. шунка
- сол
- бибер
Подготовка:
Изматете ја павлката и јајцата со малку сол.. Шунката исечкајте ја на тенки кругови. Корите треба да имаат 12 листови. Поделете ги на два дела по 6 кори. 
На еден послужавник ставете 2 кори, одозгора премачкајте ја изматената павлака со јајцата, а одозгора прекријте со кора и намачкајте со доматно пире и посипете малку оригано, па повторно ставете кора и намачкајте ја со павлака и јајце и наредете ја шунката, повторно ставете кора и на неа изрендајте 150 гр. кашкавал и ставете уште една кора врз која ќе намачкате павлака со јајца. Сето тоа завиткајте го во ролат.
Истото направете го и со останатите 6 кори. Готовите ролати премачкајте ги со павлака и јајца и ставете ги во намачкан плех и печете 20 минути на 200 степени, додека ролатот не порумени.
По желба во ролатот може да додадете шампињони, краставички или кулен.

Comments