Состојки:
- 3 мандарини
- 1 јаболко
- 1 лажица мед
-100мл вода
Подготовка:
Мандарините се лупат, чистат и се ставаат во малата чаша од нутрибулетот. Јаболкото се лупи, се сечка на коцки и се става во чашата. Се додава уште медот и водата и се блендира неколку секунди. По потреба може да се исцеди низ покрупно цедалче и потоа се пие додека е свежо подготвено. Блажината може да се прилагоди според вкусот со уште мед или некој друг природен засладувач.
Comments
Post a Comment