Ориз во тава

Состојки:
- 3 филџани (250 мл.) ориз
- 9-10 филџани вода
- сол по вкус
- вегета по вкус
- 1 главица кромид
- 2 помали моркови
- 1 коцка за пилешка супа
- магданос по вкус

Подготовка:
Најпрво се сечка кромидот се запржува на загреано масло се додава предходно изрендатите моркови се пржи окулу 3 минути. Потоа се додава оризот се остава за се испржи оклулу 4 минути. Се петура во соодветно плехче се долева предходно зовриената вода (седум филџани) со солта, вегетата, коцката за супа и малку масло. Се остава на рингла 10 минути со привремено мешање и потоа се става во загреана рерна на 250 степени додека оризот се свари. Се остава малку да се излади. Одлично е со прилог од пилешко месо или риба.

Comments