Руска салата

Состојки:
- 2 компири
- 2 моркови
- 2 јајца
- 200 гр грашок
- 4-5 кисели краставички
- 200 гр шунка
- 200 гр кашкавал
- 250 гр мајонез
- сол, црн бибер
- Можи, а и не мора 1 парче пилешки стек
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 лажичка сенф
- мајонез

Подготовка:
Сите зеленчуци и јајцата засебно сварете ги, но внимавајте на зеленчукот да не се превари за да си ја задржи својата форма кога потоа ситно ќе го исецкате на колку што можете помали коцкички. Исецкајте го така и јајцето, шунката и кашкавалот и се измешајте во еден подлабок сад. Додадете си сол и црн бибер спрема вкус и мајонезот и добро измешајте. Доколку сакате и нешто од предложените додатоци исто така измешајте во смесата. Сервирајте во подлабоки чинии или пак направете поголеми топки со додатен гарнир во поголема чинија. А можи и помали топчиња доколку сервирате во засебни чинии. Одозгора можи да ја премачкате со тенок слој мајонез (на сликата не е, бидејки не беше за гости) и да украсите по желба. Чувајте ја во фрижидер до послужувањето. На здравје!

Comments