Домашен леб

Состојки:
- 1кг и 400 грама брашно тип 400
- 40 грама свеж квасец
- 1 1/2 лажица сол
- 500 до 700 мл вода
- 1-2 лажици шеќер

Подготовка:
Брашното се става во голем сад за месење. На средина правиме вдлабнатина, ја додаваме солта, шеќерот и претходно припремениот квасец. Го замесуваме тестото со топла вода. Потоа го оставаме тестото да нарасне, 40 минути, го премесуваме и правиме лепчиња со големина по желба. Го затоплуваме плехот во кој ќе го печиме лебот, и посипуваме брашно. Лепчињата ги редиме во плехот и оставаме пак да нараснат околу 30 минути. Ја вклучуваме рерната на 200С и печиме 45 минути. Го вадиме лебот и покриваме со крпа убаво да се задуши за да омекне.

Comments