Таратур

Состојки:
- 2 краставици (околу 12 см)
- 500 гр. кисело млеко
- 1 лажица сол
- 1/2 лажица оцет
- 3 чешни лук (мелен или во прав)
- 50 гр. ореви (по избор)
- 10-20 гр. масло за готвење (по избор)
- магданос (за декорација, по избор)

Подготовка:
Краставиците ги миеме и потоа ги лупиме. Ги сечкаме ситно. Потоа ги ставаме во сад и наросуваме сол. Во садот додаваме кисело млеко и лук. Добро примешуваме. По избор додаваме масло за готвење и ореви. Смесата ја ставаме во голем сад за послужување. Декорираме со магданос.

Таратурот го послужуваме ладен. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens). Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.

Comments