Полнети пиперки

Состојки:
- пиперки
- мелено месо
- кромид
- 1 чаша ориз
- 1 поголем домат
- 1 помал кромид
- 1 лажица црвена пипер

Подготовка:
Пиперките ги миеме и ги чистиме од рачките и семките. Во тава го ставаме меленото месо со малку масло и го пропржуваме, мешајќи да се што повеќе растреси. Го додаваме ситно сецканиот кромид и оризот и уште малку време попржуваме мешајќи.Пред крај ги додаваме зачините и ситно сецканиот магдонос. Црвената пипер последна. Со оваа смеса ги полниме пиперките со помош на мало лажиче скоро до крај и отворот го затвораме со парче домат. Ги редиме во огноотпорна тава за печење. Налеваме скоро до пола во висина на пиперките вода и ги попрскуваме со уште малку масло. Печиме на температура од 220 степени половина час.

Comments