Состојки:
* За една порција
- 150 гр фета сирење
- 150 гр салама/сланина, печеница, шунка или некој друг месен производ при рака
- 2-3 лажици доматен сос, кечап
- 2-3 лажици бешамел сос+1 лажица кисела павлака
- 100 гр кравјо сирење
оригано
- шампињони
- 100 гр кашкавал
* За бешамел сос, доволен за 3-4 порции
- 1 лажица (30 гр) путер или маргарин
- 1 и пол лажица брашно
- 250-300 мл млеко
Подготовка:
Секој ќерамички сад најпрво се премачкува со масло. Најпрво се става парчето фета сирење и со вилушка се распоредува по дното и 1-2 лажици од бешамелот. Потоа, се става ред шампињони. Над нив се става доматен сос. Ако немате, ставете кечап. Наросете оригано. Тука може да насецката сланина или салама на коцки и да се распореди. Над неа нарендајте малку од кашкавалот, па премачкајте со уште 1-2 лажици од бешамелот, во кој пред тоа сте додале 1 лажица кисела павлака. Кисела павлака и не мора, но е добра да се ублажи соленоста од сирењата, исто како и бешамел сосот. Потоа, ставете го раздробено кравјото сирење, поросете уште малку оригано и на крај завршете со рендан кашкавал. Садовите ставете ги во загреана рерна од околу 200 степени или малку помалку и печете ги додека кашкавалот одозгора убаво не се растопи.
Бешамел:
Ставете го маргаринот во тавче да се растопи и во него запржете го брашното, додајте го млекото и мешајте додека се згусти.
Comments
Post a Comment