Супа од зеленчук

Состојки:
- 1-2 рендани моркови
- 1/2 литар вода
- 1 мало лајче сол
- 4 рендани компири
- 2 коцки супа
- мешавина руска салата

Подготовка:
Се ставаат ренданите моркови во тенџере со малку масло да се запржат со цел да испуштат боја. Потоа се додава водата и 1 мало лајче сол. Се додаваат 4 рендани компири и уште малце вода, со цел да не е густа. Се додаваат и 2 коцки супа и рака руска салата мешавина. Се додава повторно вода, за да се разреди и се меша.

Comments