Кокмишка

Состојки:
- 800гр. брашно
- 1 пресен квасец
- 1 лажичка сол
- 5 лажици масло
- 200мл. јогурт
- 150мл. млака вода
- 500гр. сирење
- 1 јајце
- 1 лажица сусам
- 200гр. маргарин

Подготовка:
Најпрво го оставаме квасецот да надојди и потоа го додаваме брашното, солта, маслото и постепено го додаваме јогуртот. Убаво месиме и ја додаваме водата. Кога ќе добиеме средно меко тесто го оставаме 5 мин.да одмори и потоа го делима на два дела. Од секој дел сучиме кора ја мачкаме со половината маргарин и нанесуваме сирење. Кората ја виткаме во ролат и сечиме ролатчиња со дебелина отприлика колку три прсти и ги редиме исправени во намрсена тркалезна тава. Истата постапка ја правиме и со другата кора. Ја оставаме кокмишката на топло да скисни околу 30 мин. Ја премачкуваме со јајцето и сусам и меѓу парчињата ставаме по малку маргарин за да можеме полесно да ги одделиме кога ќе бидат печени. Печиме на 200 степени околу 30 мин.

Comments