Летна манџа

Состојки:
За 1 личност
- 3-4 пиперки
- 1-2 домати
- 100гр сирење




Подготовка:
Пиперките ги чистиме од семето и ги сецкаме на коцки, ги ставаме во тава на загреано масло да се пржат, кога ќе ја променат бојата, ги додаваме излупените и исецкани домати. Пржиме додека парчињата домати не се растопат и додека не се згусни убаво нивната течност. Потоа ги матиме јајца и ги истураме, пржиме на тивко, кога се готови јајцата го додаваме и сирењето искршено. За повеќе луѓе само дуплирајте ги состојките.

Comments